Синтетичко моторно масло за бензински и дизел мотори на патнички автомобили, посебно пригодно за турбо компресирани, мултивентилни и директни инјекциони дизел мотори.
Ова моторно масло може да се користи во најтешките услови на работа (автопати, густ градски сообраќај...), и е соодветно за сите видови на возење, особено за спортско или интензивно возење, и за секоја сезона. Перфектно одговара на мотори со катализатори и сите мотори кои користат бензин без олово или ЛПГ.
Интернационални Стандарди
• ACEA A3/B4 • API SN/CF
Одобренија од производители
• BMW LL-01 • MB-Approval 229.5 • Porsche A40 • PSA B71 2296 • VW 502.00 • VW 505.00